Наумовски до ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола: Како тоа експресно ја разрешивте Анита од сите партиски функции?

Од:

Васко Наумовски реагираше на соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, реакција на изјавата на Анита Ангелевска.

Тој преку својот фб профил упати неколку прашања до ОК Битола на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како се најдовте повикани да се оградите од изјава, во која самата Анита вели дека ја дава во лично име? Ви се јавија од „горе“? Кому му се јавија? Кој ја одобри реакцијата или соопштението знаејќи дека ОК Битола моментално е без претседател и без ОК?

Како тоа експресно ја разрешивте Анита од сите партиски функции, го направивте тоа според Статутот? На состанок на ОК со гласање? Кога беше одржан тој состанок на ОК?

Не чувствувате барем малку срам да клеветите некого за мотивите, шпекулирајки за некакви судски уцени, посебно кога тоа се однесува на човек кој во овој мандат на Советот на Општина Битола се однесува најопозиционерски и како што доликува на Советник во Општина од ВМРО-ДПМНЕ“, праша Наумовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски