ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола се огради од изјавата на Анита Ангелевска

Од:

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола преку соопштение реагираше на изјавата на Анита Ангелевска од која во целост се оградија и дека е разрешена од партиските функции.

„Во целост се оградува од денешната изјавата на г-ѓицата Ангелевска Анита, која побара оставка на Претсетаделот на партијата Христијан Мицкоски.

Поривот и причините за нејзината изјава, сметаме дека се кријат неколкуте судски спорови кои се водат против истата, за што веруваме дека притисокот е голем.

Сметаме дека изјавата на Г-ѓицата Ангелевска, на која во претходниот период и беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола, е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев. Истата, ја упатуваме правдата да ја бара во државните и меѓународните судови, а не очајнички да заработува ситни политички поени пред криминалецот Заев.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, ја разрешува Ангелевска Анита од сите партиски функции кои ги обавува и упатува порака дека нема да бидат толерирани изјави и акти, спротивни на Статутот и Деловникот на партијата“, стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му