Владеачката Национална лига за демократија победи на парламентарните избори во Мјанмар

Од:

Владеачката партија на мјанмарската претседателка, Аунг Сан Су Ки, освои мнозинство места во новиот состав на парламентот и ќе ја формира следната влада, покажуваат официјалните резултати од изборите во оваа азиска земја.

Најновите резултати од изборите што се оддржаа во неделата потврдуваат дека Националната лига за демократија (НЛД) има повеќе од потребните 322 места во парламентот.

НЛД досега освои 368 од вкупно 412 пратениччки места, а се очекуваат резултатите за уште 42 гласачки места.

Оваа победа е големо олеснување за Су Ки, добитничка на Нобелова награда за мир, која имаше бурен прв мандат и тешко успеваше да ги исполни очекувањата на јавноста.

Неа во вториот мандат ја чека задача за развој на државата, која беше изолирана речиси 50 години и се распаѓаше под строго воената власт. Дел од тој период таа го мина во домашен притвор.

Нејзината влада, според сегашниот устав, што е напишан за време на военото владеење, и сега треба да владее заедно со војската, особено во областите на безбедноста и одбраната.

Портпаролот на НЛД, Монива Аунг Шин, изјави дека големата победа покажува дека Мјанмар се уште има верба во раководството на Су Ки.

Тој најави дека и покрај огромната победа, партијата „ќе формира Влада на национално единство“, додавајќи дека во неа се поканети претставници на 39 национални малцинства.

НЛД победи на последните избори во 2015 година со слична разлика, на првите слободни избори по враќањето на демократијата во земјата.

Овој пат на изборите се гледаше како на референдум за владата на Су Ки, која е многу популарна во нејзината држава. Нејзината репутација во меѓународната заедница се влоши по обвинувањата за геноцид против малцинската група Рохинџа, кои таа ги негира.

Главната опозициска партија, Алијансата за солидарност и развој (УСДП), која е поддржана од војската, освои 24 пратенички мандати. УСДП во средата повика на ново гласање за „одржување избори што се слободни, фер, непристрасни и без нефер кампања“.

Меѓународните набудувачи сметаат дека изборите минаа без проблеми.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска