Редок розов дијамант продаден за над 22 милиони евра

Од:

Исклучително редок виолетово-розов дијамант беше продаден на аукција на куќата „Сотби“ во Швајцарија, за 22,55 милиони евра.

Скапоцениот камен од 14,8 карати наречен „Дух на розата“, е пронајден во Русија во рудникот Алроса во 2017 година. Тоа е најголемиот дијамант од ваков вид што се појавил на наддавања досега, а 99 отсто од сите розови дијаманти имаат помалку од 10 карати.

Името на купувачот не се соопштува.

Благодарение на неговата големина, ретката боја и беспрекорно чиста структура, дијамантот достигна доста висока цена на аукцијата на „Сотби“ во Женева.

Би можело да ве интересира

Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

ВИДЕО: На Шри Ланка откриен најголемиот сафир во светот, тежок 310 килограми

Ана Ололовска

Индиски селанец ископа дијамант и преку ноќ стана милионер

Ана Ололовска

Најголемиот дијамант е продаден на аукција во Женева

Ана Ололовска