Лажна YouTube наменета само за корисниците на Google Chrome е откриена од страна на експертите од „Zscaler ThreatLabz“.
Со самото кликнување на лажниот видео плеер или било која реклама на лажниот YouTube од корисникот ќе биде побарано да инсталира екстензија за Chrome за која се тврди дека е видео конвертор „Look Watching And Converter – PFMedya”.
Експертите од „Zscaler“ откриле многубројни малициозни страни наменети за корисниците на Internet Explorer или Firefox а за Chrome оваа е прва од ваков вид.
Со самото инсталирање на екстанзијата корисницте се спречени да отворат „Chrome Tools“ или делот за подесување (Settings) и со тоа им вметнува малициозен „JavaScript“ на „Facebook“, „Twitter“, „YouTube“ и „Ask.fm“.