Борусија без Геце во финалето

Од:

Борусија Дортмунд сепак без Марио Геце ќе настапи во финалето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен, кој поради повреда на бедрениот мускул е принуден да го гледа од трибините големото финале на „Вембли“ во сабота на 25 мај.

Милионерите потврдија дека Геце не е во можност да го одигра најважниот меч на оваа генерација, против тимот во кој што летово се сели за 31,5 милиони евра.

Тој се повреди на полуфиналниот дуел против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, а 20-годишниот офанзивен фудбалер од средниот ред иако даде се од себе за да закрепне за финалето, сепак на вчерашниот тренинг сфати дека нема да може.

– Финалето беше моја голема цел, со недели се борев за тоа. Неверојатно многу ми е жал што нема да можам да им помогнам на моите соиграчи во оваа екстремно важна средба. Верувам во тимот и ќе им давам поддршка од трибините во Лондон – изјави разочараниот Геце.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска