Мјанмар: Владејачката партија тврди дека победила на изборите

Од:

Владејачката партија во Мјанмар, Националната лига за демократија, тврди дека победила на парламентарните избори и оти ќе остане на власт, иако државната изборна комисија досега назначи само неколку пратеници кои влегоа во Собранието.

Портпарол на Националната лига за демократија изјави дека партијата освоила над 322 места или повеќе од половина.

Тој наведе дека на крајот, партијата најверојатно, ќе има повеќе од 377 места во собранието, што си го постави како своја цел.

Многумина очекуваат Националната лига за демократија да победи на изборите, имајќи предвид дека нејзината лидерка, нобеловката Аунг Сан Су Чи е многу популарна меѓу граѓаните.

Некои експерти сметаат дека вкупниот број пратеници од оваа партија може да биде помал поради влошувањето на односите со партиите на етничките малцинства, со кои Националната лига за демократија соработуваше на изборите во 2015 година.

Државната изборна комисија претходно соопшти дека конечните резултати може да бидат објавени една недела по гласањето.

Досега се назначени само девет од 642 пратеници и сите се кандидати на Националната лига за демократија.

Гласањето во Мјанмар се одржа во неделата, а изборите се сметаат и за референдум за владата со разнишан углед во светот по обвинувањата за геноцид врз народот Рохинџи, чии припадници во 2017 година побегнаа од мјанмарската армија во Бангладеш.

Властите им дозволија на граѓаните постари од 60 години да гласаат пред денот на изборите, па така и Аунг Сан Су Чи (75) гласаше на 29 октомври со маска на лицето.

Во Мјанмар, војската контролира три клучни министерства – за внатрешни работи, за одбрана и за граници.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска