Саркисјан: За жал, никој не ме праша за мировниот договор

Од:

Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан денеска изјави дека никој не го прашал за мировниот договор ниту се консултирал со него и оти ќе почне консултации со премиерот Никол Пашињан за ситуацијата по потпишувањето на прекин на огнот во Нагорно-Карабах.

Саркисјан наведе дека консултациите со Пашањин ќе траат десет дена.

– Се надевам дека ќе формираме државно единство во рок од 10 дена, за да бидам сигурен дека направивме права работа за нашата земја, посочи Саркисјан.

Тој тврди дека за прекинот на огнот во Нагорно-Карабах дознал од медиумите.

– Од медиумит разбрав дека сме постигнале договор со Азербејџан да запрат судирите во Нагорно-Карабах со посредство со Русија. Исто така од новинарите дознав за условите за прекин на судирите, посочи Саркисјан.

Тој додаде дека жали поради тоа што никој не го консултитрал.

– Никој со мене не разговараше, сепак сум претседател на Ерменија, а не учествував во какви било преговори, истакна Саркисјан.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска