Партијата на Аунг Сан Су Чи е уверена во победа на изборите во Мјанмар

Од:

Партијата на добитничката на Нобеловата награда за мир Аунг Сан Су Чи соопшти дека е на пат да обезбеди големо мнозинство на изборите во Мјанмар, јавија денеска локалните медиуми.

Портпаролот на Националната лига за демократија (НЛД) рече дека партијата „го освои речиси секое место“ во централните региони на земјата, каде што има силна поддршка од мнозинската етничка група Бамар.

– Ние водиме во сите места каде што победивме во 2015 година. Врз основа на бројките од нашите градски штабови, можеме да кажеме дека ќе можеме да формираме влада, изјави Мајо Нјунт за списанието „Фронтиер Мјанмар“.

Официјалните резултати од вчерашните избори се очекува да бидат соопштени во наредните неколку дена.

Армијата контролира три клучни министерства – за внатрешни работи, за одбрана и Министерството за границата, а според Уставот на Мјанмар има 25 отсто од местата во Парламентот.

Изборите поради безбедносни причини беа одложени во сојузната држава Ракхин, северозападен Мјанмар, каде изминатите две години е интензивирано насилството помеѓу армијата и една бунтовничка фракција. Но, според дел од експертите тоа е направено за да се замолчат етничките партии кои имаа шанси за победа во тој регион.

Ова беа втори избори по распуштање на хунтата во 2011 година.

Речиси 600.000 Рохинџи, кои останаа во Мјанмар, сè уште не можат да добијат државјанство и поради тоа не можат да учествуваат на избори. Вкупно два милиони луѓе не гласаа што дополнително може да ги интензивира вооружените судири.

Новиот состав на Парламентот треба да го избере претседателот на Мјанмар. Аунг не може да биде кандидирана за претседател бидејќи е омажена за странец, но повторно може да биде именувана за „посебна државна советничка“, должност воведена посебно за неа, што и овозможува де факто да владее со земјата.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска