Агенцијата за млади и спорт го осуди насилството на натпреварот Тетекс-Шкендија

Од:

Агенцијата за млади и спорт денеска преку соопштение најостро го осуди насилното и недолично однесување на навивачките групи и поединци, за време на одржување на Финалето на националниот куп меѓу екипите на „Шкендија„ и „Тетекс“ од Тетово, кое е завршница на најмасовното спортско натпреварување.

– Фудбалските клубови „Шкендија„ и „Тетекс“, нивните спортисти и спортски работници сторија се што е потребно овој натревар да биде празник на фудбалот во Република Македонија, поддржани од локалната самоуправа на Тетово и нејзините први луѓе.

– За жал и покрај сериозните подготовки и ангажирање на клубовите, локалната самоправа и Федерацијата, сепак Финалето на Купот на Македонија во фудбал беше искористен за манифестирање на политички и националистички пораки, зачинети со насилничко и недолично однесување на поединци и дел од навивачките групи, кои ја поминаа границата на спортско навивање, со што сами се класифицираа во хулигани, кои не ги интересира спортот и спортскиот натпревар, се вели во соопштението.

Воедно, од Агенцијата со безрезервната поддршка на Фудбалската федерација на Македонија за доследно и целосно почитување и спроведување на актите, пропозициите и меѓународните препораки и конвенции за спречување на насилно и недолично однесување на спортските терени, кои се услов и гаранција за учество на наши екипи и репрезентации во меѓународниот спортски систем.

За интервенцијата на Министерството за внатрешни работи, се посочува дека како и повеќе пати досега, и на овој натпревар ја манифестираше својата стручност и подготвеност да придонесе во оддржување на националниот спортски систем почитувајќи го законот и специфичностите на спортските федерации.

– Веруваме дека Федерацијата, Фудбалските клубови Шкендија и Тетекс спортистите и спортските работници ќе бидат подготвени со својот однос и пристап, продолжувањето на Финалето на Купот на Македонија да даде победник и освојувач на трофејот.

– На подобриот тим ќе му обезбеди и право за учество во меѓународниот систем на натпревари во кои учествуваат освојувачите на националните купови, порачуваат од Агенцијата за спорт и млади.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска