ФИТР и УНДП спроведоа јавен повик за изработка на дигитални алатки за општините

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП спроведоа јавен повик за дигитализација на општините чија цел е полесен пристап и поквалитетни услуги на локално ниво.

Избраното решение на компанијата „Ентер“ од Охрид треба да понуди воспоставување електронски систем за наплата на давачките кон општините, воспоставување систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија, електронски систем на волонтери и онлајн платформа за општински форум.

Од Фондот за иновации и технолошки развој денеска соопштија дека јавниот повик бил спроведен од 02 до 19 октомври и оти на него се пријавиле 13 домашни компании, од кои осум преминале во финална селекција.

Одлуката за избор ја донела Комисија за евалуација и избор составена од претставници на УНДП, ФИНКИ, ФИТР и двајца претставници од општините.

Средствата во висина од четири милиони денари се обезбедени од УНДП. Е-платформата треба да биде изработена за максимум 30 дена и да биде имплементирана до крајот на годината.

Дигиталните алатки ќе бидат имплементирани во пет општини и тоа Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово кои се селектирани преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), а избраното решение ќе биде бесплатно достапно и за останатите единици на локалната самоуправа кои ќе изразат подготвеност за негово имплементирање.

На отворањето на јавниот повик, директорот на ФИТР Јован Деспотовски посочил дека дигитализацијата на јавниот сектор го отклучува потенцијалот за поголема ефикасност и поголем квалитет на услугите.

– Јавниот сектор така станува поотворен, потранспарентен во своето работење, а со тоа го затвораме просторот за ризик од т.н. „ситна“ корупција, со кој се соочуваат многу наши сограѓани секојдневно при потребата за користење на услуги од јавните службеници, истакнал Деспотовски.

Постојаната претставничка на УНДП во земјава Нарине Сахакјан најавила продолжување на поддршката за примена на иновации во јавниот сектор.

– УНДП е посветена на поддржување на иновации и дигитализација во различни сектори како начин за надминување на предизвиците создадени од КОВИД-19 и за трансформирање на постоечките системи со воведување пофлексибилни и отпорни начини за пристапување до јавните услуги. Во таа насока е и нашата соработка со Фондот за иновации, за остварување на заедничката цел на зајакнување на иновациските активности во земјата, со посебен фокус на јавните услуги и зајакнувањето на соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, нагласила Сахакјан.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска