Стамов: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега и не се бори, Мицкоски мора да си замине, партијата не е хидроцентрала

Од:

„Мицкоски се бори само кога е во прашање неговата фотеља, а не и интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Мицкоски кукавички одлучи да бега од изборно соочување во Штип, препуштајќи го без борба вмровскиот бастион на истокот. Неговиот повик за одложување на изборите не е ништо друго освен страв од сопствената неспособност и комплексите кои ги има од загубените битки со СДСМ“, рече Борче Стамов член на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата пред партиските простории.

„Мицкоски се откажа од борба за гласовите на разочараните неутрални гласачи и им ги препушти на останатите опозициски партии, порачувајќи им дека не може да се потпрат на него и на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа прави штета и на краток и на долг рок, слабеејќи ги позициите на партијата во наредниот период. Приватното обезбедување и семејната занимација со партијата не смеат да бидат пред интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Делењето на пари по фантомски медиуми, отварањето кафулиња и богатењето на поединци не смее да биде поважно од судбината на активистите на партијата и граѓаните кои очекуваат подобра иднина“, рече Стамов.

Членовите на Иницијативниот одбор порачаа дека партијата мора да закаже вонреден конгрес на кој ќе биде избрано ново раководство, а Мицкоски ќе ја напушти функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Мицкоски мора да си замине. На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега и не се бори. Тоа не го заслужуваат ни членовите, ни граѓаните. Тоа не е опозиција. Партијата не е хидроцентрала. Во момент кога постојат протоколи и кога цела Америка гласа, лицемерно е да се повикува на корона пандемијата, а истовремено да се организираат протести додека членови на Извршниот комитет да тврдат дека короната не постои. Со секоја негова одлука и со секој изминат ден, станува се појасно дека Мицкоски нема капацитет и дека партијата ја носи во бездна. Тоа мора да запре и ќе запре со одржување на вонреден конгрес“, рече Стамов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска