Во финалето на Лигата на шампиони, помеѓу Баерн и Дортмунд ќе учествуваат фудбалери од 15 различни националности, но меѓу нив нема да има Англичани.
Во финалниот натпревар може да играат играчи од Австралија, Белгија, Бразил, Франција, Хрватска, Холандија, Австрија, Перу, Полска, Швајцарија, Шпанија, Турција, Германија, Украина и Србија, пренесе германската агенција „ДПА“.
Ова е прв пат во 58 години, колку што трае натпреварувањето за најдобар европски куп, во финалето да се сретнат два тима од Германија.
Натпреварот на стадионот Вембли, со капацитет од 90.000 места, се игра во сабота, од 20: 45 часот.
Елена Георгиевска