Груби на средба со унгарскиот амбасадор Дукс: Унгарија ја поддржува Република Северна Македонија во процесот на членство во ЕУ

Од:

За време на оваа средба двајцата соговорници разговараа за важната и
конструктивна улога на Република Северна Македонија во унапредувањето на
односите меѓу земјите од Западен Балкан.

Груби истакна дека соработката со земјите членки на Европската Унија
останува главна цел на Владата и додаде дека очекува поддршка од
Унгарија за време на првиот меѓу-владин состанок со Европската Унија, на
кој се очекува да биде означен почетокот на преговорите за членство со
Република Северна Македонија.

На оваа средба, првиот вицепремиер Груби и унгарскиот амбасадор Дукс,
исто така разговараа и за мерките преземени во двете земји во врска со
здравствената и економската криза предизвикана од КОВИД-19, како и за
најдобрите начини за закрепнување од оваа ситуација што ги зафати нашите
две држави, но и целиот свет.

Груби исто така му рече на амбасадорот на Унгарија, г.Ласло Дукс дека
патот на неселективната правда и владеењето на правото во Република
Северна Македонија ќе се постигне само преку целосна транспарентност и
ветинг за носителите на јавни функции, судиите и обвинителите.

На крајот на состанокот, првиот вицепремиер Груби и амбасадорот
Дукс изразија убедување дека за време на германското
претседавање со Европската Унија, Република Северна Македонија ќе ги
надмине последните отворени прашања со Република Бугарија и со ова ќе го
продолжи процесот на интеграција во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Аларм во Србија, Унгарија најави исклучување на нуклеарка поради екстремно ниското ниво на Дунав

Унгарија прогласи вонредна состојба поради сериозен недостиг на вода

Виктор Орбан ги повикува поддржувачите да се спротивстават на „тиранијата“ на Петар Маѓар

Европа договори нов удар за Путин: нови мерки за банки, нафта и „сенката флота“

Претседателот на Унгарија потпиша амандман со кој му престанува мандатот

Петер Маѓар ги критикуваше Фидес и унгарскиот претседател Тамаш Шуљок