ФОТО: Дел од моштите на св. Никола за првпат во Битола

Од:

Три дена пред битолчани во месноста Боримечка во Битола ќе бидат изложени дел од моштите на архиепископот Мирликиски, св. Никола.

Битола е втор град на балканот, по Охрид,каде што доаѓаат моштите на св. Никола од црквата од Бари, Италија. Моштите во Битола доаѓаат благодарение на архимандритот на манастирот Свети Јован Бигорски, Отец Партениј и битолчани ќе можат да се поклонат пред нив во пресрет на денешниот празник посветен на преносот на неговите мошти од Мир, Ликија во Бари во 1087 година.

mosti-svnikola-bitola (3)

Отец Партениј вчера лично ги донесе моштите на местото каде што некогаш постоела црква што го носела името на светецот. По овој чин следуваше и литија низ дел од битолските улици, а потоа моштите на Свети Никола беа положени во истоимената црква во Боримечка.

mosti-svnikola-bitola (1)

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Саграда Фамилија стана највисоката црква во светот

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски