Хрватскиот првак Динамо Загреб има проблеми со коронавирусот. Четворица фудбалери се позитивни на Covid-19 и му се придружуваат на тренерот Зоран Мамиќ во карантин. Имињата засега не се откриваат, а Македонија се „моли“ меѓу нив да не е и капитенот на Динамо, Аријан Адеми.
Се раситнуваат последните десетина дена до историскиот меч на Македонија против Грузија во Тбилиси (12 ноември) за пласман на Европското првенство. Ако Адеми е меѓу позитивните, тогаш многу веројатно дека ќе отпадне од списокот на селекторот Игор Ангеловски.
Динамо Загреб ќе биде значително ослабен за мечот против Волфсбергер во Лигата на Европа.