Кина започна истрага поради присуство на кадмиум во оризот

Од:

Кинеските власти денеска соопштија дека почнале со испитување на млиновите за ориз во јужниот дел на земјата, откако беше откриено дека речиси половина од сортните зрна се контаминирани со токсичен метал кадмиум.

Во официјалното соопштение се наведува дека на млиновите во провинцијата Хунан е наложено да прекинат со работа и да ги повлечат своите производи, откако испитаните примероци покажале зголеменото ниво на кадмиум.

Сепак, во соопштението се истакнува дека млиновите работат легално и дека со ориз се снабдуваат од локалните земјоделци.

Кинеските власти за време на викендот објавија дека 44,4 проценти од оризот и производите од ориз испитани оваа година во соседната провинција Гвангджу покажале високо ниво на кадмиум.

Кадмиумот е канцероген метал што во голем степен може да ги оштети бубрезите и да предизвика други здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски