Без мешани бракови, општеството е апсолутно поделено

Од:

Дваесет годишнината од смртта на „сараевските Ромео и Јулија“ чија судбина ги потресе просторите на поранешна Југославија пак ги отвора прашањата дали и колку граѓаните на Македонија се отворени кон другите етнички заедници.

Во 1993, Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ, Србин и Босанка, подготвувале венчавка и бегство од страшната реалнст што во тоа време било скоро невозможно, а додека се обидувале да избегаат биле убиени во близината на Сараево.

За жал иако поминаа повеќе од 20 години од распадот на Југославија, дванаесет години од Рамковниот договор, граѓаните во Македонија пак живеат поделено. Освен етничката има и верска поделеност, ретки се случаите на мешаните бракови, а и оние кои ги има се соочуваат со низа проблеми.

Според последните статистички податоци од Државниот завод за статистика, во 2011 година имало 7313 бракови меѓу двајца етнички македонци, 4940 бракови меѓу двајца етнички албанци и 623 бракови меѓу двајца етнички Роми. Значително е помал бројот на мултиетничките бракови,на пример македонско- албански етнички бракови имало само 127, додека пак уште е помал бројот на македонско ромските бракови чиј број е само 9.

untitled

Социологот Илија Ацевски објаснува дека бракот кој е заедница на двајца ако е во контекст на етничката припадност, се преклопува и со културните и религиските компоненти кои го сочинуваат битието на човекот во социокултурна смисла. Се соочуваме со ситуација веќе да не зборуваме само за етнички мешани бракови, туку и религиски мешани бракови, додава тој.

За ова говори и фактот дека очигледно прпадниците на етничките заедници порадо би избрале животен сопатник од сопствената религија отколку од друга.

Како пример кај македонската и српската етничка заедница доминанта религија е православието па во 2011 година имало 215 мешани бракови. За разлика од тоа многу мал број на албанци кои доминантно се муслимани стапиле во брак со припадник на српската етничка заедница, односно имало само 4 брака.

Самиот факт што брачните другари различно функционираат во нивната заедница е поврзано со околностите во општеството во која живееме, со предрасудите, стереотипите па секое влегување во тој контекст создава проблем. Најчесто не се работи само за двајцата кои влегуваат во брачната заедница, туку и за нивните потомци и семејства, објаснува за А1он Ацевски.

brak1А1он контактираше неколку мешани брачни парови, кои не сакаа јавно да ги кажат своите проблеми. Овие стравови најчесто се заради осудата од заедницата или непријатните моменти кои ги имаат со семејствата. Во скоро сите ситуации едно од семејствата на двајцата партнери го отфрла бракот и не се согласува со изборот на своето дете.

Ацески вели дека има ситуации кога младите го надминуваат тоа, односно младите ги бришат разликите, но сепак средината и општеството во кое живееме е обременето со големи предрасуди во однос на другиот, кој е различен религиски, културно, според начин на живеење.

„Тоа што семејсвата ги осудуваат мешаните бракови е потврда дека не сме излегле од традиционалното општество, а дури имаме и обратна тенденција на зајакнување на традиционалните вредности“, вели Ацески, додавајќи дека бракот се смета за најтврдиот аргумент и индикатор за стереотипите во општеството.

„Ако немате мешани бракови внатре во општеството, тогаш тоа е апсолутно поделено“, заклучува тој.


Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски