Конференција: Воведување одредба за еднакво вршење родителско право и по разводот

Од:

Промена на долгогодишната пракса на постапување со децата од разведен брак во Македонија, односно воведување одредба за еднакво вршење родителско право и по разводот и регулирање на времето кое децата ќе го поминат со родителот. Ова се барањата кои денеска беа упатени на националната конференција на тема: „Детето во фокусот – потребата за воведување заедничко родителство по развод во Македонија и влијанието на овој концепт врз остварувањето на правата на детето“.

Според Наум Рибарски, претставник на Граѓанската иницијатива за воведување заедничко родителство по развод, потребна е итна промена на постапувањето со децата од разведен брак и промена на системот со цел да се воведе еднакво вршење на родителското право по разводот.

– Сегашната пракса е таква што им се одзема едниот родител со посредство на државата благодарение на застареното законодавство и праксата на центрите за социјални работи кои во случај на развод децата ги доделуваат само на еден родител, а другиот добива крајно рестриктивни видувања со што нема можност да оствари нормално родителство, истакна Рибарски.

Тој побара регулирање на времето кое децата ќе го поминуваат со родителите со кои не живеат, односно минимум загарантирано време од една третина или околу 120 дена годишно. Со овие права на децата, како што рече, ќе им се овозможи да ги имаат двата родители, а и ќе се намалат разводите.

Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска информира дека престанувањето на заедничкото живеење меѓу партнерите или развод на бракот е всушност престанок меѓу двајца кои некогаш решиле дека можат да живеат заедно. Таа нагласи дека со тоа не престанува родителството и не престануваат правата и обврските на двајцата родители.

– Детето и неговиот најголем интерес секогаш треба да бидат во центарот на вниманието и на родителите и на поширокото семејство, но и на органите кои треба мериторно да одлучуваат за ова право на детето. Тоа треба да продолжи да живее опкружено со љубов и внимание, а не да биде принудено да одбере со кого од родителите да го продолжи заедничкото живеење, истакна Бајрамовска.

Информираше дека најголем број претставки доставени до Народниот правобранител од оваа област се токму за заштита на правото на лични односи и непосредни контакти.

– Ако порано овие претставки ги доставуваа родителите или блиски роднини на детето, во последните години до нашата канцеларија се обраќаат и децата барајќи совет и помош, стравувајќи дека по разделбата родителите нема да ги сакаат или да се грижат за нив како порано. Во неколку случаи децата бараат помош да воспостават контакт со свои браќа или сестри кои живеат со друг родител, рече Брајрамовска.

Драги Змијац од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ја поддржа иницијативата која, како што рече, во фокус има остварување на правата на детото. Според него, кога ќе се разведат партнерите – родителите, тие се родители на детето цел живот, односно дека треба да ја разграничат улогата на партнер и родител. Порача дека само во тој случај можат да градат квалитетен однос со детето и по разводот.

Би можело да ве интересира

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод

Заврши драмата околу разводот на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер

Горан Наумовски

Подеднакво старателство врз децата по разводот на родителите бараат граѓански здруженија

Прва конститутивна седница на Советот на социјална сигурност

Горан Наумовски

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено

Ана Ололовска

За да и го земе детето по разводот, стружанец извадил лажно уверение дека поранешната сопруга е луда

А1он