Германската фондација Фридрих Еберт му ја додели годинешната награда за човекови права на Зоран Заев

Од:

Фондацијата Фридрих Еберт од Германија, која има своја канцеларија и во Македонија, оваа година му ја доделува наградата за човекови права на македонскиот премиер Зоран Заев, соопшти фондацијата блиска до германската Социјалдемократска партија.

Наградата му е доделена на Заев поради „неговото залагање за граѓанските права на сите жители на земјата,“ како и за реформскиот курс.

Фондацијата наведува дека 2020 година не беше добра година за човековите права, поради тоа што многу авторитарни режими, под превезот на пандемијата ги скратиле човековите права и дека затоа е уште поважно да се вреднуваат делата што им се спротивставиле на тие трендови.

Заедно со оценката дека Зоран Заев е еден таков „светол пример“, фондацијата Фридрих Еберт потсетува за неговиот придонес во потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, како и на решавањето на долгогодишниот спор со Грција.

„Уште како опозициски лидер, Заев беше важна водечка фигура која се залагаше за граѓанските права на сите луѓе во земјата и која во рамките на ткн. „шарена револуција“, мирољубиво се залагаше за нови избори,“ се наведува во соопштението на фондацијата.

Наградата на Заев ќе му биде доделена на 16 ноември на онлајн манифестација на која ќе зборува и шефот на германската дипломатија, Хајко Мас.

Би можело да ве интересира

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

42,67 отсто од младите во Македонија би ја напуштиле државата

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2024

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on