Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите на УЕФА.
Дваесет и двегодишниот Англичанец постигна хет-трик во триумфот против Лајпциг со убедливи 5:0.
За наградата беа номинирани и играчот за врска на Атлетико, Жоао Феликс, напаѓачот на ПСЖ, Моис Кин и напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата.
Рашфорд трите погодоци против Лајпциг ги постигна како резервен играч.