Царовска: Училиштата се безбедни, нема зошто да се затворат

Од:

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање остануваме на овој модел, изјави министерката за образование Мила Царовска, како одговор на барањето на СОНК наставниците да работат од дома.

„Сите држави во светот, а и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број на заразени. 0.05 проценти е заразеноста кај учениците, и 0,6 проценти кај наставниците, што значи не надминуваме ни еден процент“, рече Царовска.

Според неа социјалниот дијалог меѓу СОНК и Министерството е на многу високо ниво.

„Ние со ребалансот на буџетот, обезбедивме финансирање. Училиштата каде што има доказ за надминување на часовите, согласно Законот за работни односи треба да ги исплатат прекувремените работни часови“, вели Царовска по однос на барањето на СОНК, наставниците да добијат додаток на платата.

Царовска сепак вели дека нема голем број на училишта каде има надминување на бројот на часови.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати