Министерството за здравство на Саудиска Арабија информираше дека е евидентирана нова жртва на корона вирусот, со што бројот на жртви во државата се зголеми на 16.
Новиот случај се појавил во источниот регион на Саудиска Арабија, од каде што се и претходните жртви, а здравсттвената состојба на медицинската сестра која што се зарази од пациентите во тој дел на државата е подобрен, пренесе „Франс прес“.
Француската агенција наведе дека Светската здравствена организација (СЗО), минатата среда објави дека од вирусот заболеле двајца здравствени работници, што е доказ дека болеста напредува и дека се шири и во болнички услови.
Според податоците на (СЗО), во светот од новиот корона вирус, кој за прв пат се појави во септември минатата година, заболеа вкупно 40 лица од кои 20 починаа.
Вирусот за сега е регистриран и во Јордан, Катар, Германија, Велика Британија и Франција.
Новиот корона вирус е налик на тешкиот акутен респираторен синдром (САРС) кој пред десет години предизвика страв ширум светот.
Елена Георгиевска