Во Бугарија за едно деноноќие има над 2 илјади новозаразени од Ковид-19

Од:

Бројот на лица заразени со коронавирус во Бугарија продолжува да расте.

Во последните 24 часа, 2.569 луѓе биле позитивни од спроведени вкупно 11.226 ПЦР тестови.

Бројот на лица кои се во одделите за интензивна нега изнесува 145.

Здравствените власти на Бугарија известија дека околу 100 нови пациенти се примени во болниците во последните 24 часа. Така што, вкупниот број на хоспитализирани лица сега изнесува 2.217.

Во изминатите 24 часа излекувани се 293 лица, додека 25 ја загубија борбата со смртоносниот вирус, од кои осумина немале придружни болести.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори