Во Танзанија денеска се одржуваат претседателски и парламетарни избори, а опозицијата тврди дека е жртва на манипулации и насилство.
Актуелниот претседател Магуфули се бори за втор петгодишен мандат, а негов главен опонент е Тунду Лису.
– Животот ми е во опасност, објави денеска еден од лидерите на главната опозициска партија Фриман Мбове, кој тврди дека „вооружени гангстери“, кои ги штити полицијата, упаднале во неговиот хотел и одвеле двајца негови телохранители.
Опозицијата тврди дека Владата на популистичкиот претседател ги задушува неистомислениците, медиумите и цивилното општетство.
Магуфули го обвинуваат и поради намалување на опасноста од епидемијата со новиот коронавирус. Тој тврди дека вирусот може да биде победен со молитва.
Лису во 2017 година преживеа атентат и ја напушти Танзанија. Тој се врати од егзил и се вклучи во предизборната кампања.