Дарт Вејдер – „најлош“ негативец во филмската историја

Од:

Еден од најважните елементи во филмовите се негативците, спротивставени на главните ликови. Тие можат да се појават во многу различни облици и улоги – од сериски убијци, банкари и опседнати вљубени жени, до научнофантастични чудовишта.

Порталот „Бизнис инсајдер“ состави список на „најдобри“, односно најзлобни или најсмртоносни филмски негативци. На прво место е Дарт Вејдер од „Војна на Ѕвездите“.

Меѓу најголемите 10 филмски негативци, на второто место се наоѓа противникот на Бетмен – Џокер, а по него следуваат Антон Чигур (од „Нема земја за старци“), Ханибал Лектор („Кога јагнињата ќе стивнат“), и на петто место – ајкулата од хорор-серијалот „Ајкула“.

Од 6. до 10. место следуваат Амон Гете од „Шиндлеровата листа“, терминаторот од „Терминатор 1“, Алекс Форест („Фатална привлечност“), Норман Бејтс („Психо“) и на десетото место се наоѓа банкарот, г-н Потер во филмот „Прекрасен живот“.

Би можело да ве интересира

Џејми Ли Кертис: Можеби домот ми гори, моето семејство е безбедно, многу пријатели ќе ги загубат домовите

А1он

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ