Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го одреди Италијанецот Никола Рицоли за главен судија на претстојното финале во Лигата на шампионите.
Рицоли веќе пет години суди натпревари со меѓународен карактер и ова му е второ финале од европските купови. Во 2010 година го судеше завршниот натпревар од Лигата на Европа меѓу Атлетико Мадрид и Фулам одигран во Хамбург. Тогаш победи шпанскиот претставник со 2:1 по продолжение.
Големото финале во елитното европско натпреварување за сезоната 2012/13 ќе се одигра на 25 мај во Лондон на „Вембли“ меѓу германските екипи Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.