Бигорскиот манастир е еден од најсилните врутоци на духовноста на МПЦ – ОА, напиша Заев на ФБ

Од:

Бигорскиот манастир, ден денес е еден од најсилните врутоци на духовноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Бигорскиот манастир, ден денес е еден од најсилните врутоци на духовноста на Македонската православна црква – Охридска…

Posted by Zoran Zaev on Недела, 18 октомври 2020

-Илјадагодишната традиција и придонесот во негувањето на духовното и културно историско наследство, грижата за уметничките реткости и постојаните социјални и хуманитарни активности на монасите од Бигорскиот манастир се длабоко втемелени и се дел од историјата на македонскиот народ. Со своето значење и убавина манастирот е значаен дел и од светското културно наследство, напиша Заев.

Премиерот во свое име и во име на Владата упати честитки по повод исклучителниот јубилеј – 1000 години од основањето од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, до епископот Антаниски г. Партениј и игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, до монасите од манастирот, до Синодот и свештенството на МПЦ-ОА, како и до сите припадници на православното христијанство во чии срца овој манастир има посебно место.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим

Ана Ололовска

Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Ана Ололовска

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Ана Ололовска

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

Ана Ололовска