Ереван: Азербејџанците лажат дека шверцуваме оружје, тие го прават тоа

Од:

Службата за национална безбедност на Ерменија (НСС) денеска категорично ги отфрли тврдењата на азербејџанскиот претседател Илхам Илиев дека ерменската армија шверцува оружје со цивилни авиони, летајќи над околните земји и го обвини Азербејџан дека е тие го прават тоа.

– Имаме разузнавачки податоци дека Азербејџан шверцувал голема количина оружје и плаќал терористи на негова територија. Тоа се случи на два товарни лета со Боинг 747 и ИЛ-76 на 16 октомври. Тие отидоа на аеродромот Баграм во Авганистан, а потоа на 17 октомври се вратија во Баку од Баграм. Истата рута е планирана и за 18 октомври, планираат два лета кон Кандахар. Имаме информации дека таквите операции ќе продолжат и по 18 октомври, наведува ерменската разузнавачка служба.

– Азербејџанците шират лажни вести како резултат на болна фантазија, рекоа претставници на НСС.

Ерменската разузнавачка служба соопшти дека пласирањето лажни вести станало главната компонента на „турско-азербејџанскиот терористички сојуз, кој спроведува воени операции и сака да го наруши угледот на Ерменија и добрите односи со пријателските земји“.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска