Косово ги исфрла од употреба 5Г-уредите набавени од недоверливи дилери

Од:

Косово ќе ја забрани употребата на 57-уреди набавени од недоверливи продавачи, а таму каде што е можно веќе да има такви уреди надлежните институции ќе се ангажираат за нивно отстранување, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оваа одлука, според соопштението од владината служба за информирање, на претставниците на Регулаторниот авторитет за електронски и поштенски комуникации (АРКЕП) денеска им ја соопшти премиерот Авдулах Хоти.

Приштинските медиуми наведуваат дека со ова Косово ја исполнува обврската преземена од последниот договор за економска нормализација со Србија, потпишан на 4 септември во Вашингтон, со кој, меѓу другото, двете земји се согласија да не купуваат 5Г-опрема од недоверливи дилери.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски