Уште еден ден со рекорден број на новозаразени од смртоносниот коронавирус во Бугарија.
Според податоците на здравствените власти од земјата, во последните 24 часа се регистрирани нови 914 позитивни случаи.
Резултатите се базираат на нешто повеќе од 6.300 ПЦР тестови, што значи дека околу 14,5 отсто од вкупниот број на тестови се позитивни.
Зголемувањето на бројот на новозаразени е речиси за 100 лица поголем во споредба со вчерашниот ден.
Тамошните власти информираат дека 189 лица закрепнале, додека 15 ја загубиле борбата со коронавирусот.