Северна Кореја истрела три балистички ракети со мал досег во Јапонско Море

Од:

Северна Кореја денеска истрела три балистички ракети со мал досег од своето источно крајбрежје во Јапонско Море, пренесоа јужнокорејските медиуми.

Според податоците на Министерството за одбрана на Јужна Кореја две истрелувања биле регистрирани утрината, а уште едно попладнето по локално време.

Не се прецизира за какви точно ракети станува збор. Сеул наведува дека јужнокорејските сили внимателно ги следат активностите на Северна Кореја и се во состојба на зголемена борбена готовност.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња