ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на повикот за Дигитализација на општините

Од:

Поради зголемениот интерес од компаниите и големиот број дополнителните прашања и сугестии од потенцијалните апликанти рокот за аплицирање за јавниот повик за Дигитализација на општините се продолжува до 19.10.2020 до 12:00 часот, информираат од Фондот за иновации и технолошки развој.

Допонително на увид и понатамошни насоки од ФИТР доставуваат и линк од често поставуваните прашања кои може да бидат од корист при пополнувањето на апликацискиот пакет (https://fitr.mk/javen-povik-kovid19-brza-reakcija-preku-digitalizacija-na-uslugite-na-lokalnata-samouprava/)

Целта на повикот е развој на дигитални алатки и решенија за подобри и поквалитетни услуги во локалната самоуправа а го спроведуваат Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации)

Повикот е отворен е за сите домашни компании а решенијата треба да придонесат и кон забрзување на економско опоравување од последиците предизвикани од пандемијата на КОВИД 19 на локално ниво и олеснување на почитувањето на мерките за превенција на ширење на вирусот.

Апликантите треба да развијат Е-платформа која ќе ги интегрира решенија за Воспоставување на електронски систем за наплата на давачките кон општината, Воспоставување на систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија, Електронски систем на волонтери и Онлајн платформа за општински форум.

-Се очекува избраното решение да биде искористено од страна на различни категории на граѓани од различни возрасни структури, без ограничување, со јасни и разбирливи инструкции за користење, велат од ФИТР.

УНДП ги обезбедува средствата за повикот – 4 милиони денари, а спроведувањето му е доверено на Фондот и ќе се врши со користење на успешно воспоставените процедури и капацитетите на ФИТР.

Преку ФИТР се обезбедува финансирање до 100 отсто од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 75.000 американски долари во денарска потиввредност со вклучени трошоци за надзор во износ од 10 отсто од вкупниот оперативен буџет на проектот. Е-Платформата треба да биде изработена за максумум 30 дена, а еден апликант треба да даде понуда за сите четири решенија кои треба да бидат спроведени во сите пет пилот општини.

Степенот на технолошкиот напредок и степен на дигитализација, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание се главните критериуми според кои ќе се оценуваат предлог проектите.

Избраните дигитални алатки во оваа прва фаза ќе се имплементираат во 5 пилот општини: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово кои се селектирани преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) насочена кон поддршка на државата за справување со ефектите од КОВИД-19, како и спроведување на брза и сеопфатна социо-економска анализа за ефектите од пандемијата и утврдување на можности за побрзо опоравување на локално ниво.

Од ФИТР очекуваат решенијата да бидат изготвени, но и имплементирани до крајот на годинава, а целосно бесплатно ќе бидат достапни и за останатите општини кои ќе изразат подготвеност и желба.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска