Бројот на дијагностицирани случаи од Ковид-19 на африканскиот континент надмина 1 милион 556 илјади.
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 10.770 случаи на Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.556.017.
Исто така, во последното деноноќие од Ковид-19 починале уште 303 лицa, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 37.452.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република – 17.408, по која следуваат Египет -6.017 и Мароко -2.468.
На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшели досега не се регистрирани смртни случаи.
Најмногу случаи се откриени во Јужноафриканската Република -686.891, по која следуваат Мароко -142.953 и Египет -104.156.
Во Африка од вирусот досега се излекувани вкупно 1.292.200 лица.