Северна Кореја има до 200 мобилни ракетни фрлачи што е двапати повеќе од досегашната проценка на Сеул, јави јужнокорејската државна агенција.
Институтот за анализа на одбраната на Јужна Кореја ги смени податоците откако имаше увид во документ на Пентагон. Се проценува дека Пјонгјанг би можел да има 50 ракетни фрлачи со среден дострел и 150 за проектили со краток дострел.
Сеул претходно проценуваше дека Северна Кореја има до 94 мобилни ракетни фрлачи. Последната недела се зголеми воената тензија на Корејскиот Полуостров, откако Пјонгјанг се закани со напад врз Јужна Кореја и САД, поради санкциите на Обединети нации и поради воените вежби на САД и на Јужна Кореја.