Американката Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература

Од:

Американската поетеса Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2020 година, соопшти денеска Шведската академија.

Во образложението се наведува дека наградата ја добила за нејзиниот „непогрешлив поетски глас кој со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“.

Таа освен признанието ќе добие и награда во вредност од 1,1 милион долари.

Глик е родена во 1943 година во Њујорк во семејство на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка, а денес живее во Кембриџ, Масачусетс.

Нејзините дела ги одликува стремеж кон јаснотија. Детството и семејниот живот, блиските односи со родителите и браќата и сестрите, се нејзина централна тема. Шведската академија за книжевност истакна и дека таа „го бара универзалното и во тој процес црпи инспирација од митовите и од класичните мотиви, кои се присутни во поголемиот број од нејзините дела“.

Добитник е на Пулицеровата награда во 1993 година за книгата „Див ирис“.

Луиз Глик е 16-та жена која е добитник на Нобеловата награда, како и прва американска државјанка која ја освои престижната книжевна награда во последните 27 години, откако Тони Морисон ја доби наградата во 1993 година. Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература
Стокхолм, 8 октомври 2020 (МИА) – Американската поетеса Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2020 година, соопшти денеска Шведската академија.

Во образложението се наведува дека наградата ја добила за нејзиниот „непогрешлив поетски глас кој со строга убавина го прави индивидуалното постоење универзално“.

Таа освен признанието ќе добие и награда во вредност од 1,1 милион долари.

Глик е родена во 1943 година во Њујорк во семејство на унгарски Евреи кои емигрирале во Америка, а денес живее во Кембриџ, Масачусетс.

Нејзините дела ги одликува стремеж кон јаснотија. Детството и семејниот живот, блиските односи со родителите и браќата и сестрите, се нејзина централна тема. Шведската академија за книжевност истакна и дека таа „го бара универзалното и во тој процес црпи инспирација од митовите и од класичните мотиви, кои се присутни во поголемиот број од нејзините дела“.

Добитник е на Пулицеровата награда во 1993 година за книгата „Див ирис“.

Луиз Глик е 16-та жена која е добитник на Нобеловата награда, како и прва американска државјанка која ја освои престижната книжевна награда во последните 27 години, откако Тони Морисон ја доби наградата во 1993 година.

Би можело да ве интересира

Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона ја добија Нобеловата награда

Затворениот белоруски нобеловец тврди: Русија сака Украина да биде зависна диктатура

Горан Наумовски

Норвешкиот Нобелов комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бељацки

А1он

Сите овогодинешните нобеловци се противници на Путин и Лукашенко, со години ја критикуваат власта

А1он