Затворената иранска активистка Наргес Мохамади е добитничка на Нобеловата награда за мир

Од:

Нобеловата награда за мир и беше доделена на иранската активистка за правата на жените Наргес Мохамади. Таа моментално се наоѓа во затвор во Техеран.

Нобеловата награда за мир и е доделена на Мохамади за борбата против угнетувањето на жените во Иран и борбата за промовирање на човековите права и слободи, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет.

Наргес Мохамади го поминала својот живот борејќи се за човековите права во Иран. Поголемиот дел од последните две децении таа го помина во затвор. Неколку пати беше осудувана поради кампањата против смртната казна, а неколку пати беше и затворена во самица.

Мохамади моментално отслужува казна од 10 години и 9 месеци под обвинение за дела против националната безбедност и пропаганда против државата.

Таа беше осудена и на 154 удари со камшик, но оваа казна најверојатно до сега не е извршена. Нејзе и е забрането да ја напушта државата.

Новинарите ја прашаа шефицата на норвешкиот Нобелови комитет, Берит Реис-Андерсен, што ќе се случи во декември кога Мохамади треба да ја прими наградата.

Реис-Андерсен рече дека се надева дека иранските власти ќе донесат правилна одлука и ќе го ослободат Мохамади од затвор за да може да присуствува на церемонијата.

Би можело да ве интересира

Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Научниците кои го овозможија развојот на вакцината против корона ја добија Нобеловата награда

Затворениот белоруски нобеловец тврди: Русија сака Украина да биде зависна диктатура

Горан Наумовски

Норвешкиот Нобелов комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бељацки

А1он

Сите овогодинешните нобеловци се противници на Путин и Лукашенко, со години ја критикуваат власта

А1он

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска