Литванскиот министер за надворешни работи во самоизолација

Од:

Литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, објави дека оди во самоизолација по состаноците со членовите на делегацијата во придружба на францускиот претседател, кои беа тестирани позитивни на коронавирусот по посетата на Макрон на балтичките земји.

Литванскиот министер за надворешни работи беше присутен на разни официјални настани за време на дводневната посета на францускиот државен врв, изјави претставничката на литванското Министерство за надворешни работи, Раса Јакилаитиен, а агенцијата БНС објави дека минатата недела двајца вработени во француската амбасада во Вилнус биле позитивни на коронавирусот.

Литванскиот претседател Гитанас Науседа, неговата сопруга и неколку вработени во неговиот кабинет вчера беа тестирани и сите беа негативни, но од петмина службеници во претседателскиот кабинет, кои беа во близок контакт со француската делегација, беше побарано да одат во самоизолација.

Би можело да ве интересира

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Литванија затвори два гранични премини со Белорусија поради Вагнер

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

(ВИДЕО) НАТО самит на 150 километри од Русија: Вилнус претворен во воена тврдина

Катерина Ѓуровски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска