Управата на Баерн Минхен ќе подели 45 илјади бесплатни влезници за навивачите кои ќе сакаат финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд да го проследат преку видео бим поставен на „Алијанц Арена“.
Освен на стадионот на Баерн, видео бим ќе има и во центарот на Минхен каде секој септември традиционално се одржува „Октобер фест“.
Ова не е првпат навивачите на Баерн организирано на видео бим да го следат финалето од ЛШ.
Во 2010 кога Баерн беше поразен од Интер со 2:0, на „Алијанц Арена“ присуствуваа околу 60 ијади гледачи, а слична бројка беше регистрирана и лани кога Челзи не му дозволи на Баерн да се радуваа на трофејот во елитното натпреварување.