ВИДЕО: Азербејџан започна офанзива во Нагорно Карабах, Ерменија собори три авиони

Од:

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските вооружени сили започнале офанзива во северните и јужните делови на регионот Нагорно-Карабах и дека биле соборени три авиони на азербејџанските воздухопловни сили.

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан напиша на Фејсбук дека се водат жестоки борби во северните и јужните делови на Нагорно Карабах и дека непријателот, кој концентрирал големи сили во овие области, започнал офанзива.

Արցախի սահմանի հյուսիսային և հրավային ուղղություններում ընթանում են համառ և թեժ մարտեր։ Հակառակորդը, մեծ ուժեր…

Posted by Shushan Stepanyan on Петок, 02 октомври 2020

Таа исто така наведе дека ерменските единици го запираат напредувањето на непријателот и дека три авиони на азербејџанското воено воздухопловство се соборени во Нагорно Карабах, пренесе агенцијата ТАСС.

Ժամը 08:46-ի սահմաններում պաշտպանական բանակի առաջնագծում խոցվել է հակառակորդի ևս երկու ինքնաթիռОколо 08:46 на…

Posted by Shushan Stepanyan on Петок, 02 октомври 2020

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно Карабах повторно избија на 27 септември. Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и започнаа општа мобилизација на граѓаните. Двете страни објавија жртви, вклучително и цивили.

Конфликтот меѓу Баку и Ереван започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах со мнозинство ерменско население прогласи отцепување од Азербејџан.

За време на конфликтот во периодот 1992-1994 година, Азербејџан ја изгуби контролата над Нагорно Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решение на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, со која претседаваат Русија, Соединетите Американски Држави и Франција.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска