Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Арцрун Хованисјан изјави денеска дека азербејџанските безбедносни сили го нападнале Степанакерт, главниот град на Нагорно Карабах.
Тој во објавата на својот Фејсбук профил не наведува од какви средства се врши гранатирањето на градот.
Хованисјан наведува дека во нападот има повредени и многу оштетени згради.