Вооружениот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан околу територијата на Нагорно Карабах влегува во шестиот ден.
Бројот на загинати расте, како и заканите и обвинувањата кои доаѓаат од двете страни.
Ерменските противвоздушни сили соборија хеликоптер и беспилотно летало на азербејџанското воено воздухопловство.
Информацијата беше соопштена од портпаролката на ерменското министерство за одбрана, Шушан Степанјан.
Air defence shot down enemy helicopter. pic.twitter.com/74Zi7Qfcc7
— MoD of Armenia ?? (@ArmeniaMODTeam) October 2, 2020
Воените операции продолжија и денеска, откако противвоздушните сили на Ерменија соборија непријателски хеликоптер и дрон во сопственост на Азербејџан.
Од друга страна, азербејџанското Министерство за одбрана објави дека нивната армија успеала да преземе контрола над голем број стратешки височини, пренесе ТАСС.
Destruction of an #Azerbaijan'i drone. pic.twitter.com/7R0xMnaUiS
— MoD of Armenia ?? (@ArmeniaMODTeam) October 1, 2020
Министерството потврди дека воените операции во конфликтната зона во Нагорно Карабах продолжиле утрово.
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше на 27 септември, кога започнаа борбите на спорната територија. Тогаш, Азербејџан и Ерменија прогласија воена состојба и воведоа мобилизација на нивните воени сили.