Азербејџан гранатираше ерменски позиции во Нагорно Карабах

Од:

Азербејџанските вооружени сили синоќа гранатираа ерменски позиции во Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.

Според Министерството, силите извршиле „артилериски удари врз позициите на ерменските сили распоредени на окупираните територии“.

Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше на 27 септември и на спорната територија се водат борби. И Азербејџан и Ерменија воведоа вонредна состојба и прогласија мобилизација.

Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу регионот Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно е населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година, откако автономниот регион објави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.

Во периодот 1992-1994 година, тензиите прераснаа во голема воена акција за контрола на енклавата и седум соседни територии откако Азербејџан ја изгуби контролата над нив.

Разговорите за решение за Нагорно Карабах траат од 1992 година во рамките на Групата од Минкс на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, Франција и САД.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска