Заев: При отворање на границите да се води сметка прво на здравствениот, потоа на економскиот аспект

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека при носењето одлука за отворање на границите во регионот со или без ПЦР тестови, пред се прво треба да се води сметка на здравствениот, а потоа на економскиот аспект.

-Ќе треба да бидеме внимателни и во двата аспекта при отворање на границите и на здравствениот и на економскиот аспект, и двата се подеднакво важни, секако најважниот преовладува тоа е здравјето на луѓето. Некојпат и економските ресори велат нека страда економијата ако здравствениот ризик е поголем, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на училиштето „Коменски“ во Општина Карпош.

Потсети дека на владината седница министерот за здравство Венко Филипче информирал за дебатите што се водат на регионално ниво за отворање на границите во земјите од регионов и оти отвориле дискусија со аргументи за или против отворање на границите, за сите предности или проблематични ситуации што би се појавиле притоа.

-Министерот за здравство ќе ги доврши своите консултации со колегите од министерствата за здравство во соседните земји и во целиот регион, а Комисијата за заразни болести е конечно таа што ќе даде препорака или одлука дали треба да се отвораат границите, за да имаме премин на границите без ПЦР тестови или со ПЦР тестови, посочи премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Се враќаат границите во ЕУ поради мигранти – По Германија и Австрија и Чешка воведоа контроли