Дебарските гимназијалци го бојкотираа првиот училишен ден, утре ќе протестираат

Од:

Учениците од Средното општинско училиште „28 ноември“ во Дебар, денеска го бојкотираа почетокот на учебната година.

Како што претходно најавија тие бараат настава со физичко присуство на учениците, зашто сметаат дека во нивното училште ги има сите услови за тоа.

-Сите професори точно на време беа во кабинетите подготвени за почеток на онлајн наставата. Ги вклучија компјутерите, но за жал од другата страна не се вклучи ниту еден ученик. Дополнително на тоа, нам, како управа, ни најавија дека утре заедно со нивните родители ќе протестираат пред гимназијата, изјави за МИА, директорот Рамадан Имери.

Во ова единствено средно училиште во општината, заедно со подрачните паралелки во село Могорче, настава на македонски и албански наставен јазик следат 584 ученици, од нив 156 во прва година, сите гимназиска насока.

Општина Дебар не доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во ниту едно училиште, чиј основач е Советот на општината, што подразбира три деветолетки и гимназијата.

Според Решат Ќормемети, одговорен за образование во локалната власт, врз основа на одлуката на МОН наставата во основните училишта почнала без проблеми за учениците од прво до трето одделение со физичко присуство,додека за останати онлајн.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Маж им се заканувал на вработените во Општата болница во Дебар