А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Филипче: Не се сложувам дека медицинските сестри се деградирани, нашите инвестиции го демантираат тоа

by А1он30/09/2020 - 17:2830/09/2020 - 19:17697
Share0

Министерот за здравство Венко Филипче се огласи за ставот на Унијата на здруженија на медицински сестри, околу најавите за отказ од три медицински сестри од Инфективната клиника.

Добивај вести на вибер

Од унијата денеска порачаа дека случајот на Инфективна ги рефлектира проблемите со кои генерално се соочуваат медицинските сестри, Филипче рече дека не се сложува оти тие се деградирани.

„Всушност, нашите инвестиции тоа го демантираат. Свесни колку се битни во нашиот систем, помогнавме во формирање за првпат во нашата земја на Комората на медицински сестри која почна со активности да се направи регистар, а после тоа и лиценцирање на сите медицински сестри кои работат во нашата земја. Помогнавме и со опремување на тие простории. За жал тоа што се случи на крајот на минатата година и активностите спласнаа сега со кризата,“ изјави Филипче.

„Ваква криза на површина вади многу проблеми и ние со тоа се соочивме уште на нејзиниот почеток во однос на недостигот на кадар, понатаму нивните примања и се покажа и се докажа дека сме ги правеле вистинските инвестиции. Прво зголемувањата на платата, конкретно на медицинските сестри со средно и високо школо, од 19.000 денари односно 25.000 денари на 24.000 денари односно 33.000 денари, што е зголемување за 30 проценти односно речиси 50 проценти, а и огромниот број медицински сестри кои беа примени во целиот овој изминат период“ изјави министерот.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека свесен е дека сите медицински сестри работат под притисок, дека дел од нив навистина се исцрпени, дека многу често дежураат и по 24 часа неколкупати во неделата и дека една таква стресна ситуација доведува некогаш и до немили ситуации во кои има комуникација со повишен тон меѓу нивните колеги и колешките.

– Јас ќе направам се да не дозволам било кој од јавниот здравствен систем да замине поради проблем што може да се изменаџира. И изутрината верувам дека најдовме заеднички јазик, се сложија трите искусни медицински сестри од Инфективната клиника дека ќе го искористат одморот, а после тоа ќе се договориме за начинот на кој ќе бидат вклучени во процесот борба против Ковид-19. Направивме една анализа, никој не ја напуштил Клиниката од почетокот на кризата. Ова се први најави. Верувам дека ќе најдеме начин да ги изменаџираме, посочи Филипче.

medicinski sestrivenko filipce

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 13:28

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он07/01/2026 - 11:55

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он28/12/2025 - 09:1828/12/2025 - 11:18

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 16:16

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 12:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен