Здруженијата на медицински сестри: Да се регулира дејноста со закон, незадоволството е големо

Од:

Унијата на здруженијата на медицински сестри, техничари и акушери предводена од Здружението „За нас“ бара да се донесе закон со кој ќе се регулира дејноста на медицинските сестри.

Претседателката на Унијата, Гордана Бешлиовска, вели дека медицинските сестри имаат нерешен статус и во болниците има не само одлевање на медицински сестри, туку и разни други нивни незадоволства и нарушување на нивното достоинство.

-Основното решение лежи во донесување на Законот за дејноста за нашата сестринска професија, кој ќе ги зададе нашите задачи, нашите компетенции врз основа на кој ќе имаме одговорност. Ние немаме зададени компетенции и задачи, ниту можеме да си ја одредиме одговорноста и како фела сме маргинализирани и оставени сме на милост и на немилост на политиките на менаџерите во здравствените институции, рече Бешлиовска.

Медицинските сестри во болниците, посочи таа, се третирани по аршини на некои правилници во самите болници. Според неа, медицинските сестри не недостигаат само кај нас, туку тоа е глобален проблем.

-Ако не беше пандемијата ќе имаше уште поголем дефицит од медицински сестри, се повеќе и повеќе ќе заминуваа и кога ќе заврши пандемијата голема е бројката на медицински сестри кои се подготвуваат да си заминат. Имаме сестри кои во моментов се подготвуват и разни завршни испити за јазици полагаат и во соседна Србија и се подготвуваат по завршувањето на пандемијата да си заминат. Основната причина е во нерегулирање на дејноста на професијата. Има комплетно незадоволство во целокупната фела. Понудените решенија за законот треба да се прифатат. Препораките на СЗО се во насока на сестрите да им се даде апсолутно голем простор во имплементирање на здравствената политика, потенцира Бешлиовска.

Таа додаде дека незадоволство на медицинските сестри има не само на Инфективната клиника, туку во сите здравствени установи.

Би можело да ве интересира

Унија на ЗМСТАС: Постигнат договор со синдикатот за изнаоѓање решение за медицинските сестри со непризнаеното високо образование

Ана Ололовска

Медицинските сестри бараат да им се признае високо медицинско образование

Жарко Настоски

Здружението на медицински сестри апелира да се реши случајот со родилката од Дебар

Ана Ололовска

Унија на ЗМСТАС: Ризик е да се ангажираат учениците од средномедицинските училишта во ковид центрите

Ана Ололовска

Унија на ЗМСТАС: Медицинските сестри да не бидат изоставени од здравствените тимови, особено од оние кои се наградувани

Ана Ололовска

Унијата на ЗМСТАС на средба со г.г. Стефан: Поддршка за медицинските сестри за нивната неизмерна жртва

Ана Ололовска