Медицинските сестри бараат да им се признае високо медицинско образование

Од:

Со пандемијата испливаа голем број проблеми, меѓу другото и еден од подолгогодишните – непризнавањето на високото медицинско образование на медицинските сестри. Ни фали спрегата меѓу образованието, Министерството за здравство, институциите и потребата колку сме ние потребни и колку се школуваме, во болниците имаме систематизации кои што не ги предвиделе и не можат да ги постават на работните места медицинските сестри или имаме систематизации предвидени се меѓутоа не се планирани во буџетите и се бара финансиски согласности и од тука почнува таа голгота на медицинските сестри, истакна денеска на прес-конференција претседателката на Унијата на Здружението на медициски сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри Гордана Бешлиовска.

Таа потенцира дека во ваквиот случај институциите си ја префрлаат топката со изговор дека не е во нивна надлежност.

-Во Министерство за финансии велат немаме финансиска согласност, од болницата ќе им речат одете во Министерството за здравство, од таму ќе речат ние не го одлучуваме тоа вие ќе го одлучите и сето тоа е на грбот на медицинските сестри кои остануваат со непризнаено високо образование и на индивидуални начини по партиски линии по било какви различни начини, некој ќе си го решат статусот и ќе расте револтот кај сите други во болниците, појасни Бешлиовска.

Додаде дека оние медицински сестри кои немаат соодветно медицинско образование но завршиле високо, не се конкурентни на пазарот бидејќи како што рече Бешлиовска сите конкурси во болниците се распишуваат со потребна средна стручна спрема.

-Имаме голем број на медицински сестри невработени и тоа се всушност сестри со високо образование со несоодветно средно кои што не можат да бидат конкурентни и да се вработат во болниците со високо образование. Втора категорија ни се тие кои студираат вонредно, а се веќе вработени во болниците и голем број од нив на индивидуални сопствени начини успеваат некако да им се признае образованието. тука расте револтот кај сите други бидејќи немаме законска рамка немаме законска регулатива и немаме основа врз која веднаш ќе им се призне високобразовната школа, рече претставникот на здружението.

Воедно како што соопшти таа Законот не предвидува кој какви одговорности ќе има на работното место, а тоа според Бешлиовска е голем проблем затоа што во пракса се случувало и медицинските лица со високо и тие со средно образование да извршуваат исти обврски, а да земаат различна плата.

Вели дека решението е Предлог законот кој го подготвиле, а со него би се решиле сите проблемите не медицинските сестри.

-Сестринската дејност нема закон ние сме професија без закон немаме лиценци не ни се потврдени работните задачи работните интервенции и од тука сега на работа не знаат кој каде почнува и каде кој завршува и кога ќе заврши работниот ден, никаде нема запис за тоа кој колку сработил или колку не сработил, медицинските сестри се оставени на привилегијата на менаџерите на здравствените институции, Законот треба сите да ги уреди, бидејќи сега ако им го признаеме високото образование расте револтот кај сестрите со средно кои стартуваат со 16.000 денари лични доходи цело време се внатре во Ковид оделенијата и не им се мрдна ниту еден денар платата на тие сестри, дури до 50 и до 100 отсто платите им ги покачија на сестрите во некои земји во регионот, Словенија дури ја прогласи медициинската сестра за личност на годината, заклучи таа.

Синдикатот, вели, треба да застане зад сестрите во делот на анекс договорите, во делот на преточување на систематизациите со колективните договори и да се реши не со времени закони, бидејќи нашата професија не е временна ние сме континуирано во професијата, законот за здравствена заштита не опишал само во два члена и кажува дека сестрите во болниците работат исклучиво во сменска работа и на тој начин финансиски ниту една болница не може сестите да ги плати со дежурства, а сите тие практично работата во дежурства, изјави Бешлиовска.

Нагласи дека на тие сестри во институциите во кои им е признаено високото образование не им е дозволено да одат во дежурства со изговор дека тоа ќе предизвика поголеми финансисиски трошоци.

-Тоа е таков парадокс кој ниту некаде сме го слушнале ниту пак нешто такво постои. И апелирам до сите ова нешто не смее вака да се случува сите сме професионалци и не може затоа што имаме високо образование да сме оспорени да одиме во дежурства ова е деградација на личноста на професијата во сите правци законот генерално би требало да не стави во една рамка и сето ова да се реши, истакна таа.

Саше Илиевски, вработен во болницата Осми септември, истакна дека медицинските сестри се единствената струка во државава која не е опишана со Закон.

-Бараме законот под итно да биде донесен и апелираме до народните избраници да не поддржат и во најбрз можен рок да го решат, моментално сме 250 официјална бројка на кои не ни е признаено образованието, рече Илиевски.

Би можело да ве интересира

Конечно на дневен ред еден од многуте проблеми со кои се соочуваат медицинските сестри

Предраг Петровиќ

Бешлиовска: Медицинските сестри не заминуваат само во странство, туку и се откажуваат од професијата

Признавање на професионалните квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки во регионот

Срамна одлука на Врховниот суд: Медицинските сестри кои беа уапсени за малтретирање старица ослободени од притвор

А1он

Медицински сестри во САД заработиле 1,5 милиони долари од фалсификување сертификати за вакцинација

Унија на ЗМСТАС: Постигнат договор со синдикатот за изнаоѓање решение за медицинските сестри со непризнаеното високо образование

Ана Ололовска