Властите во регионот Нагорно Карабах во Азербејџан, каде мнозинство е ерменско население, синоќа соопштија дека уште 26 нивни војници биле убиени во судирите со азербејџанските сили.
Ерменските и азербејџанските сили разменуваат жесток оган околу територијата на Нагорно Карабах втор ден по ред.
Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на тешка артилерија.