Глобалфајрпаур: Азербејџан има поголеми воени капацитети од Ерменија

Од:

Сите параметри на воената способност и опрема покажуваат дека Азербејџан е поподготвен за конфликтот со Ерменија што избувна заради регионот Нагорно-Карабах, покажуваат податоците на сајтот глобалфајрпаур (globalfirepower).

Што се однесува до бројот на војници, Ерменија на готовс 1.696.085, додека Азербејџан има на располагање дури 5.042,346 лица за војна.

Ерменија има 45.000 активни воени лица и 200.000 во резервен состав, додека Азербејџан има дури 126.000 активни членови и 300.000 резервисти, пренесува Б92.

И буџетите на двете армии покажуваат диспропорција на конфликтните сили, па така Ерменија располага 1.385.000.000 американски долари, додека буџетот на азербејџанската армија е 2.805.000.000 долари.

Азербејџан има многу повеќе авиони, 147 и 88 хеликоптери, додека Ерменија има 64 авиони и 37 хеликоптери.

Ерменија има 110 борбени тенкови, а Азербејџан 570.

Според соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана, ерменските вооружени сили во судирот кој изби вчера, загубиле 22 оклопни возила, 15 системи за противвоздушна одбрана, 18 беспилотни летала, осум артилериски единици и три складишта за муниција. Претходно, ерменскиот министер за одбрана Рафи Хованисијан изјави дека Баку загубил околу 200 војници, како и околу 30 тенкови и оклопни возила.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана соопшти за своите загуби, дека се убиени 16 лица и над 100 ранети, а претседателот на непризнатата Република Нагорно-Карабах пријави десетици убиени и ранети.

Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на конфликтот. Министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека Карабах бил „подложен на воздушни и ракетни напади“ од Азербејџан. Баку тврди дека ерменските сили први отвориле оган, а азербејџанските трупи започнале со контраофанзива.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и голем број светски лидери ги повикаа двете земји веднаш да ги прекинат воените дејства.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска